Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави скратениот список за Светското првенство 2023 година кое ќе се одржи во Шведска и Полска. На истиот се најдоа 23 имиња.
Лазаров ќе прозива на 20. овој месец во хотелот „Александар Палас“ со почеток во 11:30 часот. Дел од подготовките ќе се одржат во Маврово, нашите момци ќе учествуваат на турнирот „Кроација Куп“.
Македонија на стартот ќе ги одмери силите со Норвешка (13 јануари), два дена подоцна е дуелот со Холандија, додека во последното коло од групната фаза ќе се сретне со Аргентина.
Подобрите три репрезентации ќе обезбедат место во следната фаза која ќе се игра во Катовице, а таму ќе вкрстат со групата во која се Германија, Србија, Бахреин и Алжир. Последната репрезентација од нашата група ќе игра Президент Куп во Плоцк.