Марко Јовановски: Од денеска не сум повеќе голман на А. Пандев!

4790

Искусниот голман, еден од најдобрите во ПМФЛ, Марко Јовановски од денеска не веќе фудбалер на А. Пандев. Јовановски две години беше член на “пандевци“, но како што вели самиот тој за “Спортмедиа“, од денеска тој и А. Пандев се разделиле.

Од денеска не сум веќе член на А. Пандев, си заминав од струмичкиот прволигаш. Во разговор со директорот Стојков ми беше кажано дека тимот ќе се подмладува, па така одлучив дека е доста. Сега со сум слободен играч а тоа значи дека може да одам во било кој клуб со слободни документи. Инаку покрај Марко Ѓорѓоски, како што веќе вие објавивте, од пред една недела си заминаа и Јоковиќ и Најденов“ изјави Јовановски, кој во својата карира има брането и во Работнички, Вардар, Тетекс, Шкендија, Пелистер и др.клубови, има и интернационална кариера.

ПретходноЛоши вести од Италија: Се влошила здравствена состојба на Михајловиќ и Вијали!
СледноДали е ова најдосадното Светско првенство? Има огромна разлика во однос на 2018 година!