Фудбалската репрезентација на Англија не успеа да го оствари сонот и втор пат да стане светски првак. На СП во Катар националниот тим беше поразен од Франција во четвртфиналето и се врати дома. Сепак, еден несекојдневен податок е поврзан со Англија.
Ниту еден англиски навивач, а ги имаше во голем број во Катар, не бил уапсен за време на Мундијалот, соопшти полицијата на островската држава.
Дали поради ограничениот доток на алкохол, дали поради строгите закони кои владеат во Катар, ниту еден англиски навивач не направил беља и не завршил во притвор или зад решетки. Претходно од нив стравуваа полицајците и обезбедувачите на трибините на стадионите.