Роналдо слета во Мадрид – почна да тренира во „Валдебебас“

231

По елиминацијата на Португалија од СП во Катар, најдобриот фудбалер на оваа репрезентација Кристијано Роналдо слета во Мадрид. Додека чека на следната дестинација, Роналдо доби дозвола од првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез да тренира во клупската база „Валдебебас“. Тој тренираше индивидуално на различен терен од оној на кој Карло Анчелоти ја водеше денешната сесија со првотимците на „Кралевите“.

Присуството на Роналдо за многумина беше изненадување, но нема врска ниту со враќање во Реал. Тој работи на формата, а во јануари ќе треба да му се приклучи на новиот клуб. Се шпекулира на Ал Наср од Саудиска Арабија, но останува да видиме.

ПретходноВардаровата перфекција заверена во Струга!
СледноСТАРТНИ СОСТАВИ: Франција против Мароко со Фофана место Рабио