Иако светските медиуми на големо шпекулираа дека Франција за финалето против Аргентина ќе добие екстра засилување во Карим Бензема кој се опорави од повредата па дури и заигра на Реал Мадрид на пријателски дуел, сепак тоа нема да се случи.
Бензема беше дел од експедицијата во Катар, се повреди пред самиот старт на Мундијалот и си замина на рехабилитација. Навреме се опорави, но иако многумина посакуваа тој да направи сензационален кам бек на Мундијалот за финалето кое претстои, тоа не е реална опција.
„Немам одговор на тоа прашање… следното“ – рече селекторот Дидие Дешамп на пследната прес конференција запрашан околу кам бекот на Бензема.