Лион со звукот на сирената го урна Олимпијакос (ВИДЕО)

91

Олимпијакос пропушти голема шанса да дојде до нова победа во Евролигата. Грчкиот тим имаше отворен пат кон триумфот, во последната четвртина влезе со предност од осум поени, но беше премалку. Лион го најде начинот да се врати во средбата и во финишот со тројката на Амине Нуа славеше со 77-75.

Грчкиот тим посебно доминираше во првото полувреме во кое имаше позитива од 31-47. По одморот домаќинот почна по малку да ја анулира негативата, на крајот упорноста им донесе важна победа.

На последната средба од 14 коло Баерн ја совлада Валенсија со 97-92.

ПретходноКил со цел плен од кај Алборг, Загреб со важни бодови од Плоцк!
СледноСкандалозно: Аргентинците со расистички песни “удрија“ по Мбапе! (ВИДЕО)