Тревога во Франција: Уште еден фудбалер има треска, ќе има ли нови заразени до финалето?

1031

По Упамекано и Рабио, кои не можеа да одиграат ниту една минута против Мароко во полуфиналето, францускиот селектор Дешамп има нов проблем. Со симптоми на грип од ноќеска е уште еден фудбалер во тимот, Кингсли Коман, а РФранцуите стравуваат до недела да не се појават и други случаи.

Во Катар постои загриженост од вирус кој се шири меѓу навивачите и фудбалерите. Самиот Дешам објави дека Коман, кој исто така не беше во можност да игра синоќа имал треска.

„Имаме неколку случаи со симптоми слични на грип. Се трудиме да бидеме внимателни да не дозволиме вирусот да се прошири меѓу играчите, затоа што тие вложија голем напор на теренот и очигледно им страда имунолошкиот систем“, изјави Дешамп.

Претходно23 поени на Ѓорѓиев за клучна победа на АЦХ Волеј во Лигата на шампионите
СледноФФМ на предлог на селекторот Милевски ги номинираше С. Ристовски, Елмас и Барди за наградата Спортист на годината во организација на АМС