ТФТ и Пелистер одиграа интересен натпревар, на крајот победата отиде на контото на актуелниот освојувач на Купот на Македонија кој славеше со 95-90 во рамките на десетото коло во Првата лига. Тимот од Тафталиџе успеа да ја прекине серијата од осум победи по ред на Пелистер. Ова е шанса за МЗТ Скопје да се издвои на врвот.
Битолчани беа без својот лидер Хаџифејзовиќ, кој е суспендиран со еден меч, па беше тешко за Марјан Илиевски без него под обрачите.
Костоски со 23 поени од кои шест тројки, Андерсен запиша 19 поени, 17 поени имаше МекБраер, додека Николов запиша дабл-дабл од 11 поени и 10 скока. Кај Пелистер Карпентер имаше 30 поени, Мустафица 28.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија влезе многу подобро во мечот, поведе со 17-10, на другата страна на гостите како им беше потребно време да ја најдат вистинската игра, па нешто подоцна со серија од 7-0 на кратко поведоа со 21-22. Сепак овој дел заврши во корист на домаќинот 29-26.
Следниот период беше сличен како и првиот, ТФТ влезе силно поведе со 37-29 во 14 минута, имаше и плус седум (39-32), а потоа по некое правило застана. Следеше серија од 7-0 на битолчани за изедначување 39-39.
По 49-43 на одморот, Пелистер поведе на стартот на третата четвртина со 49-50, но ТФТ се разбуди на време, во самиот финиш Андерсон со тројка, а потоа Николов зголеми на 70-59.
Двоцифрената предност домашниот тим ја имаше и во 31. минута 74-62. Карпентер го поведе Пелистер во одлучувачките десет минути, доближи на 74-69, па на 79-74.
На стартот на 37. минута следеше серија на тројки на двете страни, ТФТ лесно го губеше двоцифреното водство, па наместо лесна завршница, му дозволи на противникот да дојде на 87-84. Од овој момент домаќинот постигна седум поени, на другата страна гостите само три. Тука беше крајот на оваа средба.