Дешамп не сака да одговори: Се враќа ли Бензема за финалето со Аргентина?

434

Откако Франција го совлада Мароко со 2:0 и се пласираше во финалето на Светското првенство, во Франција главна тема е евентуалното враќање на Карим Бензема за финалниот меч.

Селекторот Дидие Дешам изненадувачки реши да не го извади од составот и на негово место не повика друг играч. Реално, 34-годишниот фудбалер се уште е дел од репрезентацијата на Франција, се врати на тренинзи, но прашање е дали воопшто ќе биде повикан за неделното финале со Аргентина.

На новинарско прашање за евентуалното враќање на Бензема за финалето, Дешамп само кусо одговор: „Преферирам да не одговарам на ова прашање“.

За разлика од мистеријата околу Бензема, Дешамп вели дека Упамекано и Рабио ќе можат да играта во финалето, откако го пропуштија дуелот со Мароко поради болест.

ПретходноЈокиќ со нов сезонски рекорд за нова победа на Денвер (ВИДЕО)
СледноДобра вест за Хрватска: Мароко во мечот за бронзата без тројца клучни играчи