Кошаркарот на Филаделфија, Жоел Ембид кој игра одлично оваа сезона, изјави дека е уверен дека навивачите на „Сиксерс“ сакаат тој да си замине.
28-годишниот Камерунец, кој поседува и француски пасош, изјави дека не е лесно да се биде во улога на лидер на тимот.
„Навивачите на Филаделфија сакаат да ме разменат. Сè што можам да направам е да се обидам да дадам се од себе на секој натпревар. Благодарен сум што сум таму каде што сум бидејќи тоа не е лесна работа. Да беше лесно, сите ќе го правеа тоа. Кога си најдобар офанзивен играч на тимот, најдобар одбранбен играч, мора да играш. Не е лесно секоја вечер. Не можеме да бидеме совршени. Сите ние понекогаш грешиме“, вели Ембид.