Ендрик и официјално во Реал Мадрид

191

Убедливо најголемиот бразилски талент во моментов, и еден од најголемите во светски рамки, тинејџерот на Палмеирас, Ендрик, е нов играч на тимот на Реал Мадрид. Во договор во кој „Кралевите“ ќе мора првично да исплатат 60 милиони евра, плус 12 како евентуални бонуси, младиот напаѓач се сели во Европа и влегува во врвот на фудбалот на голема врата.

Сепак, со неговите 16. години во моментов, тој може единствено да пристигне во Мадрид, да обави лекарски прегледи, да мине неколку дена во клубот, и да се врати во Палмеирас. Се додека не наполни 18. години, па официјално да му се приклучи на Реал во јули 2024 година.

ПретходноМладинците се петнаесетти во Европа
СледноШкендија и официјално му понуди нов договор на Дориев!