Играчкиот кадар на Струга ТЛ, како и стручниот штаб на чело со стратегот Срѓан Захариевски веќе се на одмор. И тоа како на заслужен одмор ако се знае дека оваа есенска полусезона за стружани беше историска, истата ја завршија како есенски прваци.
Сега следува активен одмор кој ќе трае до 9 јануари за кога е закажана прозивката од страна на Захариевски. Плановите за тоа како ќе се одвиваат подготовките се направени, останува само да се детализираат.
Инаку и оваа зима Струга ТЛ дел од подготовките ќе ги одработи надвор од Струга.
Што се однесува до зимскиот преоден рок тука нема дилеми. Струга ТЛ посакува, и се ќе стори, да се ангажираат најмалку 3-4 квалитетни играчи за да напролет се атакува и по титулата.