ЕУ даде мислење за Суперлигата: Може да постои како лига, но само ако излезе од УЕФА и ФИФА

234

Генералниот правобранител на Европската Унија го објави своето мислење за проблематичниот случај со формирање на т.н. Суперлигата. Одлуката не е обврзувачка, но вели дека иако Суперлигата е слободна да создаде сопствено натпреварување, таа не може да продолжи да биде дел од оние на ФИФА и УЕФА без претходно овластување од двете унии.

Денеска треба да се утврди дали ФИФА и УЕФА ја злоупотребиле својата доминантна позиција во европските фудбалски натпреварувања со блокирање на создавање на алтернативен турнир.

„Додека Европската Суперлига како компанија е слободна да создава сопствено независно фудбалско натпреварување надвор од еко-системот на УЕФА и ФИФА, истовремено по создавањето на тоа натпреварување не може да продолжи да учествува во фудбалски натпревари организирани од ФИФА и УЕФА без претходно овластување од овие федерации“, велат од ЕУ.

Мислењето на генералниот советник доделен во овој случај, Атанасиос Рантос, не е обврзувачко, но Судот на правдата на Европската унија проценува дека неговите судии ја следат линијата на овие претходни мислења во приближно 80% од случаите.

ПретходноМилан го продолжи договорот со „Емирати“ за 30 милиони евра годишно
Следно23 поени на Ѓорѓиев за клучна победа на АЦХ Волеј во Лигата на шампионите