Златен Џекпот: Французите чекаат премија од 400.000 евра по фудбалер

222

Златен Џекпот. Вака францускиот „Л’Екип“ го најави влегувањето на „триколорите“ во новото финале на светските првенства. Тимот на Дидие Дешамп, кој ќе се обиде да ја одбрани титулата освоена во Русија 2018 ќе има голема премија ако успее да го одбрани светскиот трон.

ФИФА и во време на криза има супер-богат награден фонд за учесничките на овој Мундијал. Светската куќа на фудбалот ќе подели вкупно 440 милиони евра за 32-те земји учеснички, а само на победникот ќе му припаднат 40,2 милиони евра.

Како и обично Француската фудбалска федерација точно 30% од собраните премии ќе им ги подели на играчите и главните членови на стручниот штаб. Ако Франција ја одбрани титулата секој фудбалер ќе земе по 400.000 евра, а во случај да биде поразен во големото финале против Аргентина, наградата ќе се намали на околу 285.000 евра. Покрај тоа, француските медиуми тврдат дека многу од фудбалерите ќе ги донираат своите премии во добротворни цели.

ПретходноЛука волшебник: Уште една мајсторска асистенција на Дончиќ (ВИДЕО)
СледноМилан го продолжи договорот со „Емирати“ за 30 милиони евра годишно