Симон Марчињак од Полска ќе го суди големото финале на СП во Катар меѓу Франција и Аргентина. Ова го одлучи Пјерлуџи Колина, главниот за судиските прашања во ФИФА.
Марчињак се споменуваше како еден од кандидатите, посебно ако се знае дека во „игра“ не беа Орсато, Лахоз, Турпан и Оливер кои веќе си заминаа дома.
Марчињак важи како еден од најдобрите судии во Европа, па и во светот. Тој веќе им судеше на двете селекции во Катар, на Франција против Данска и на Аргентина против Австралија.
Инаку интересно е тоа што таткото на Симон, Томаш Марчињак, во финалето на СП во Италија 1990 меѓу Германија и Аргентина беше четврти судија.