ЛУДНИЦА: Нема веќе дресови со името на Меси!

2229

Аргентина со пласманот во финалето на СП во Катар, но пред се со фантастичните настапи на Лео Меси, предизвика вистински “земјотрес“ меѓу фановите, и не само во во неговата земја.

Интересно е тоа што, а тоа го потврдија и од „Адидас“ од и Фудбалската асоцијација на Аргентина, нема веќе дресови да се купат со името на Меси, барем ги нема оние на селекцијата на “гаучосите“.

Имено сите залихи биле исцрпени и тоа во пресрет на големото финале без разлика дали станува збор за дресови на возрасни или оние за деца.

Нема во Буенос Аирес, во Доха, Мадрид, Токио, нема никаде.

Ова за првпат се случува во историјата на “Адидас“, германскиот бренд кој ја “облекува“ селекцијата на Аргентина.

ПретходноКолина одлучи: Полјакот Марчињак ќе го суди големото финале меѓу Франција и Аргентина!
СледноЕ.Пелистер и Тиквеш според планот во последното коло!