Милан го продолжи договорот со „Емирати“ за 30 милиони евра годишно

134

Милан и „Емирати“ ќе ја продолжат историската соработка која трае повеќе од 15 години. „Росонерите“ вчера најавија обновување на партнерството со компанијата од Дубаи со иконското лого „Fly Better“ кое ќе продолжи да биде присутно на дресовите на првиот тим.

Изминативе денови се појавија некои детали од новиот договор, кој ќе биде со важност до 2026 година. За продолжената соработка Милан ќе инкасира околу 30 до 35 милиони евра годишно, односно двојно повеќе од претходниот договор кој беше околу 14 милиони евра годишно.

Покрај спонзорството на дресовите, договорот ќе вклучува и истакнато присуство на брендот Емирати на стадионот Сан Сиро, како и во угостителскиот сектор и во продажбата на билети.

ПретходноЗлатен Џекпот: Французите чекаат премија од 400.000 евра по фудбалер
СледноЕУ даде мислење за Суперлигата: Може да постои како лига, но само ако излезе од УЕФА и ФИФА