ФИБА рангинрањето во машка младинска конуренција и тоа како не израдува и ни даде поттик за понатамошна работа во младинските категории во кошарката.
По објавувањето на официјалниот рејтинг во женскиот сегмент, по „пресекот“ направен по завршувањето на јуниорското Светско првенство, ФИБА ги објави и рангирањето во машка младинска конкуренција.
Согласно со новиот систем на бодување, кој се применува од оваа каленска година, нашите машки селекции се најдоа на високата 15. позиција во оној европски ранкинг-систем.
За резултатите остварени до крајот на оваа календарска, 2022 година, Македонија во овој момент има 449.5 поени, што е напредување за одлични шест позиции во однос на последното рангирање.
На она светското, исто така сме поставени на високото 30. место во вкупниот ранкинг на Светската кошаркарска федерација.