Синиша Михајловиќ, некогашната играчка легенда од овие простори, екс – тренер на повеќе познати клубови е во тешка состојба. На Србинот по третпат му се врати страшната болест, познато е дека тој од 2019 година боледува од леукемија, и тој сега е во болница во Италија, опкружен од своите најблиски и се бори за живот.
Синиша ја води својата најешка битка во својот живот. Во недостаток на официјални информации, медиумите во Србија пренесуваат вести од негови блиски пријатели.
Михајловиќ во болница постојано плачел и тоа поради неговото семејство.
“Синиша е во болница, свесен е, буден е, не е во кома како што се шпекулираше. Може да живее уште 10 дена, но може да живее уште 30 години. Се е во божји раце. Тој е свесен за ова, ова го знае и неговото семејство“ вели еден негов пријател, но и тренер, за српските медиуми.