Како што информираат од страна на Фудбалската федерација на Македонија, ФИФА ја одобрила листата на наши судии кои ќе можат во наредната 2023 година да судат на меѓународни натпревари.
Главни судии се: Александар Ставрев, Јован Качевски и Игор Стојчевски.
Додека асистенти – судии се: Дејан Костадинов,Гоце Петрески, Куштрим Лика, Даниел Василевски, Слаѓан Марковски и Бранко Путилин.
Кај дамите главни судии се: Ива Пројковска и Ирена Велевачкоска Ристовска. Додека асистенти-суди се: Вјолца Изеири, Елена Соклевска Илиевски и Ангела Домазетовска.
Футсал судии се: Јосип Бартон, Марјан Младеновски и Доне Ристовски.