Хановер успеа да запише две победи во низа. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски на гостински терен го совлада Гумербах со 27-34 во рамките на 13 коло во Бундес-лигата. За Хановер ова беше деветти триумф оваа сезона, има едно реми и пет порази, по ова коло ќе го скокне Хамбург на табелата.
Кузмановски беше стрелец на еден гол од четири обиди, зад своето име запиша и една асистенција.
Победа запиша и Лемго, на домашен терен беше подобар од Вестфален со 25-30. Борко Ристовкси и овој пат не учествуваше во истата. Тимот на македонскиот ракометар е 12-ти на табелата во Бундес-лигата.