Јаневски со АЕЛ Лимасол славеше на гости кај својот некогашен тим!

190

Чеде Јаневски, еден од нашите најдобри тренери и некогашен селектор, продолжува со своите успеси како тренер на АЕЛ Лимасол. Имено денеска во меч од 15.коло во елитната лига на Кипар, Јаневски и АЕЛ Лимасол славеа победа од 0:1 на гости кај Енозис Паралимни. Колку за потсетување токму Јаневски некогаш во два мандати беше стратег на овој тим.

Со оваа победа АЕЛ Лимасол сега се наоѓа во средината на табелата, а пред да дојде Македонецот за тренер овој тим беше на самото дно на табелата.

Да споменеме дека стартер за АЕЛ Лимасол беше Давор Здравковски, некогашниот капитен на нашата млада репрезентација до 21.година.

ПретходноЕ.Пелистер и Тиквеш според планот во последното коло!
СледноТФТ го прекина налетот на Пелистер (ФОТО)