Јокиќ со нов сезонски рекорд за нова победа на Денвер (ВИДЕО)

149

Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го победија тимот на Вашингтон со 141:128, со уште една одлична партија на српскиот центар Никола Јокиќ. Јокиќ го предводеше Денвер до 17. победа со 43 поени што е негов рекорд оваа сезона, а забележа и 14 скока и 8 асистенции.

Орландо ја забележа четвртата последователна победа, откако на домашен терен славеше над Атланта со 135:124, додека Мајами ја надигра Оклахома со 110:108, предводен од Тајлер Хиро, кој постигна 35 поени и постигна рекордни девет тројки.

Кошаркарите на Кливленд го победија Далас со 105:90, а Донован Мичел постигна 34 поени. На другата страна најефикасен беше Лука Дончиќ со 30 поени, но погоди само девет од 23 шута од поле.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Детроит 134:141 (прод.)

Орландо – Атланта 135:124

Индијана – Голден Стејт 125:119

Чикаго – Њујорк 120:128 (прод.)

Торонто – Сакраменто 123:124

Оклахома – Мајами 108:110

Сан Антонио – Портланд 112:128

Далас – Кливленд 90:105

Денвер – Вашингтон 141:128

ЛА Клиперс – Минесота 99:88

ПретходноПо полуфиналето меѓу Франција и Мароко: Нереди во Брисел и Париз, едно момче го загуби животот
СледноДешамп не сака да одговори: Се враќа ли Бензема за финалето со Аргентина?