Бензема сепак нема да се врати во Катар

176

Иако светските медиуми на големо шпекулираа дека Франција за финалето против Аргентина ќе добие екстра засилување во Карим Бензема кој се опорави од повредата па дури и заигра на Реал Мадрид на пријателски дуел, сепак тоа нема да се случи.

Бензема беше дел од експедицијата во Катар, се повреди пред самиот старт на Мундијалот и си замина на рехабилитација. Навреме се опорави, но иако многумина посакуваа тој да направи сензационален кам бек на Мундијалот за финалето кое претстои, тоа не е реална опција.
„Немам одговор на тоа прашање… следното“ – рече селекторот Дидие Дешамп на пследната прес конференција запрашан околу кам бекот на Бензема.

 

ПретходноЕмбид: Навивачите на Филаделфија сакаат да ме разменат
СледноСрбинот се бори за живот: Михајловиќ може да живее уште 10 дена…