Е.Пелистер и Тиквеш според планот во последното коло!

95

Е.Пелистер дојде до планираните бодови против Пролет во последното коло од Супер-лигата. Битолчани го добија овој дуел во второто полувреме, славеа со 37-25 .

Гостите од Скопје пружија силен отпор, првото полувреме го добија со минимални 17-18. Претежно имаа еден гол предност, само еднаш дојоа на плус два (11-13). По одморот се водеше изедначена битка во првите неколку минути, по што Е.Пелистер со серија од 5-0 поведе со 26-22 и стави крај на сите надежи во редовите на противникот дека од Битола може да си оди со победа.

Костески со девет гола беше прв стрелец, по пет имаа Хенеберг и Танкоски. На другата страна Палевски, Јагуриновски и Џонов имаа по пет гола.

За Е.Пелистер ова беше 13-та победа оваа сезона, имаат едно реми, на другата страна Пролет останува на второто место со 10 победи, две ремија и два порази.

Иако Тиквеш не изгледаше како што посакуваше Данило Брестовац на гости кај Голден Арт, сепак славеше со 24-27. Кавадарчани играа во променлив ритам, кој на момент им носеше позитива од три гола (6-9, 9-11), додека на момент им отвараше простор на домашните ракомети да се заканат посериозно.

На одморот беше 13-14, а Голден Арт притискаше псотојано дури имаше и водство од 19-18 и 20-19. Сепак Тиквеш успеа да се врати, па во 53 минута водеше со 20-23. Ова беше доволно за миренш финиш и деветти триумф. Голден Арт оди во плеј-аут.

Симиќ со седум гол го предводеше победникот каде два гола помалку имаше Коцев. На другата страна Гошевски со 10 погодоци беше најдобар на теренот.

ПретходноЛУДНИЦА: Нема веќе дресови со името на Меси!
СледноЈаневски со АЕЛ Лимасол славеше на гости кај својот некогашен тим!