Бразил ќе го чека Дон Карло до јуни да каже – ДА!

113

Во пресрет на Мундијалот селекцијата на Бразил беше најголем фаворит за титулата. Но момците на Тите уште во раната елиминациска фаза загубија од Хрватска и со тоа си заминаа дома. Тите поднесе оставка, а раководството на Фудбалската конфедерација на Бразил посакува екстра име за наследник на Тите. Се споменуваат Гвардиола, Зидан, но се чини дека најголем фаворит е Карло Анчелоти.

Интересно е тоа што челните луѓе на Фудбалската Конфедерација на Бразил, барем според пишувањето на тамошните медиуми, биле подготвени да го чекаат Дон Карло до јуни да каже – ДА. Имено тој посочил дека по завршувањето на тековната сезона 2022/23 ќе размислел околу тоа каде ќе ја продолжи својата кариера.

ПретходноТоти: Знам како се чувствува Роналдо, треба да се покаже малку почит!
СледноМЗТ Скопје не се предава: Задар има добри резултати, но тоа не значи дека се непобедливи!