Бускетс нема веќе да игра за Шпанија!

98

Очекувано, барем според најавите, Серхио Бускетс (34), еден од најдобрите фудбалери во историјата на Шпанија денеска објави дека нема веќе да игра за „Црвената фурија“ со која освои се што можеше да се освои. Беше двапати европски првак, беше и светски првак.

Играчот за врска на Барселона ова го објави со емотивна порака на социјалните мрежи:

Сакам да информирам дека после 15 години и 143 натпревар дојде време да се простам од репрезентацијата. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа со мене на овој долг пат. Им благодарам на сите селектори, од Винсенте дел Боске кој ми дадe шанса па се до Луис Енрике, кој ме натера да уживам до последна секунда“ напиша покрај другото Бускетс.

ПретходноАргентинска инвазија на Катар… пристигнуваат 50.000 навивачи! (ВИДЕО)
СледноФИФА го откачи Зеленски, сакал да им се обрати на фановите пред големото финале!