МЗТ Скопје не се предава: Задар има добри резултати, но тоа не значи дека се непобедливи!

104

МЗТ Скопје по поразот од Борац во минатото коло, се најде на последното место на табелата во АБА-лига, кое води во второлигашкото натпреварување. Откако македонскиот првак ја пропушти шансата да направи чекор напред, сега ќе мора истата да ја бара во следните мечеви, а во серија следат тешки предизвици.

Првиот е вечерва (20 часот) против Задар на гостински терен. Стратегот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ во составот ќе го има на располагање повратникот Дастин Вер од кого се очекува да внесе свежиба во „сино-белите“ редови.

„Задар е екипа која игра брзо, со многу трчање и ќе пробаме да ја спречиме нивната транзиција, како и нивниот најдобар кошаркар, Лука Божиќ. Ќе имаме нов кошаркар во ротација, Кефи ќе добие помош на плејмејкерската позиција, што секако ќе ни донесе повеќе опции. Здравствениот билтен е добар, атмосферата не е лоша без разлика на поразот на домашен терен минатиот викенд и сигурен сум дека со максимална борбеност и желба за успех ќе сториме сѐ за да го изненадиме силниот домаќин“, изјави тренерот Петровиќ.

Кошаркарите на је изгубија желбата по тешкиот пораз, напротив мотивот е голем.

„Против нас ќе имаме физички многу силен тим, кој игра со голема самодоверба, што се гледа и преку огромниот број на победи, меѓу кои е и онаа против евролигашот Ц.Звезда. Го предводи еден од најдоминантните кошаркари во сезоната Лука Божиќ. За нас ќе биде клучно да бидеме во чекор со нивната транзиција и скок-игра. Задар има добри резултати, но тоа не значи дека се непобедливи. Претходните две гостувања ги загубивме со „една топка“, па се надевам дека ќе имаме повеќе среќа во финалето од овој дуел“, изјави Адем Мекиќ.

Дуелот меѓу Задар и МЗТ Скопје ќе биде пренесуван на МТВ3.

ПретходноБразил ќе го чека Дон Карло до јуни да каже – ДА!
СледноДојави за бомби и во спортскиот свет…. ФФМ, Борис Трајковски, Арена Тодор Проески,Вардар, Работнички….