Фудбалерот на Хамбург и хрватски интернационалец Марио Вушковиќ паднал на два допинг тестови поради што му следува суспензија. 21-годишниот фудбалер бил позитивен на еритопоетин (ЕПО) за време на тренинг на 16 септември.
Тој беше отстранет од тимот на Хамбург додека се чекаше резултатот од Б тестот, а и тој бил позитивен на истата супстанција поради што му следува суспензија, според правилникот четири години.
ЕПО влијае на спортистите со создавање на поголем број на црвени крвни зрнца за брзо заздравување и спремни за нови предизвици. Тој вид на допинг е најчест меѓу велосипедистите.
Инаку Вушковиќ почнал во Хајдук од каде се преселил во Хамбург за кој, до пред суспензијата, одиграл 33 натпревари.