Фановите на Аргентина овој Мундијал го одбележаа со своето навивање, фанатична поддршка на Меси и компанија, но некогаш знаат и да претераат. Па така дел од нив смислија грозна песна, расистичка песна со која “удрија“ по Килијан Мбапе за кого тие сметаат дека ќе биде најголемата опасност по нивната репрезентација во големото финале кое ќе се одржи во недела со почеток од 16 часот.
„Да се прошири гласот, тие играат за Франција, но сите се од Ангола. Како ќе биде убаво кога сите ќе си бегаат. Тие како Мбапе сакаат да е*ат транвестити. Неговата мајка е Нигеријка, татко му Камерунец, а во пасошот пишува дека е Француз“ е само дел од песната која навистина е грозна.
Argentina fans have made a song on Francepic.twitter.com/5TMhxZnfne
— Troll Football (@TrollFootball) December 15, 2022