Пензионираниот италијански фудбалер и легенда на Рома Франческо Тоти изјави дека крајот на неговата кариера е сличен како на Кристијано Роналдо.
„Знам какво е чувството да те турнат настрана кога си на врвот“, изјави 46-годишниот Тоти за ТВ каналот „Twitch kanal Be.Pi TV“.
Роналдо го раскина договорот со Манчестер Јунајтед откако ги критикуваше клубот, тренерот Ерик Тен Хаг и соиграчите, што значи дека сега е слободен играч на 37-годишна возраст.
„Кога ги гледам последните неколку месеци на Роналдо, се чувствувам како да го преживувам сопственото искуство“, додаде тој.
„Мислам дека треба да се покаже малку почит“, смета Тоти, кој целата своја кариера ја мина во Рома и се пензионираше во 2017 година. За италијанската репрезентација одигра 58 натпревари и постигна девет гола, а во 2006 година ја освои титулата светски шампион.