Аргентинци протестираат во Доха: Дајте ни билети за финалето!

335

Навивачи на фудбалската репрезентација на Аргентина денеска организираа втор протест пред хотелот во Доха каде се сместени членовите на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) за да им помогнат да најдат билети за финалето на Светското првенство против Франција.

Претходниот ден атмосферата меѓу навивачите и официјалните лица беше тензична, а дел од навивачите држеа натписи „АФА, дајте ни билети“, па членовите на федерацијата се договорија денеска да се сретнат со навивачите.

Стадионот Лусаил, каде што ќе се игра финалето, собира околу 89.000 гледачи, но се дознава дека во Катар има повеќе од 30.000 Аргентинци кои сакаат да присуствуваат на финалето. Билетите за финалето кои чинат 750 долари, на црниот пазар се продаваат по 4.000 долари, а најскапиот од 5.850 долари може да се најде за 14.000 долари.

ПретходноМладиот хрватски фудбалер си ја упропасти кариерата, два пати паѓа на допинг тест
СледноСопругата на Михајловиќ со трогателна порака утринава