Вучиќ: Мароканците се нашите вистински браќа, нема да навивам за Хрватска!

1894

По отворањето на Светското првенство во Катар со мечот против Мароко, хрватската фудбалска репрезентација ќе го затвори против истиот противник. За потсетување, Хрватска и Мароко го отворија натпреварувањето во групата Ф без голови.

Во сабота, на 17 декември, двете репрезентации ќе се сретнат во пресметка за третото место, во која Хрватска ќе го брка третиот, а Мароко првиот медал во историјата на светските првенства. Во српската РТС гостуваше српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на прашањето за кого ќе поддржи одговори:

„Не знам за кого ќе навивам во финалето, знам за кого ќе навивам во мечот за третото место – за Мароко, тие се нашите вистински браќа, кои никогаш нема да го признаат независно Косово. Тие имаат проблем со Западна Сахара. Сега ќе ми кажеш дека целиот Нови Пазар го поддржува Мароко, а јас да кажам дека нема да ги поддржам затоа што се муслимани? Па, тие се наши браќа, пријатели“, изјави претседателот на Србија.

Тој откри дека ниту во полуфиналето не навивал за Хрватска.

„Го почитувам сите, одете во Хрватска на море, јас нема да одам. Навивајте за Хрватска, колку ве има 11/12%, јас нема да навивач. Им честитам за одличниот успех, но јас навивав за Аргентина. И во иднина нема никој нема да ми забрани секогаш да бидам искрен“.

ПретходноСкандалозно: Аргентинците со расистички песни “удрија“ по Мбапе! (ВИДЕО)
СледноМилвоки и Адетокумбо „попарени“, Западот има нов лидер (ВИДЕО)