МЗТ Скопје се „закова“ на последното место: Очајно прво полувреме, деветти пораз

253

Во уште една разочарувачка партија, македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје претрпе и деветти пораз во тековната сеозна во АБА лигата со што се зацврсти на последното место на табелата. „Штрковите“ денеска беа поразени на гостувањето во Хрватска на дуелот со Задар со високи 98:79.

Одлуката за победникот падна уште во првиот дел од мечот. Хрватскиот состав по првата четвртина направи предност од 29:16, која ја капитализираше со плус 22 на крајот на првиот дел (57:35).

По ова разочарувачко прво полувреме, беше јасно дека момците на Александар Петровиќ нема што да бараат на овој меч. Во вториот дел Задар знаеше како да ја задржи високата позитива и во ниту еден момент не им дозволи на гостите да дојдат до ситуација во која можат да направат некаков пресврт и играчки и резултатски.

Божиќ постигна 27 поени за Задар и беше прв стрелец на мечот. Покрај него кај домашните одлична партија имаше и Рамљак кој застана на 16 поени. Во редовите на нашиот шампион Мицовиќ заврши со 22 поени, додека Војдан Стојановски постигна 18 поени.


Standings provided by Sofascore

фото: АБА

ПретходноПогребот на Михајловиќ во понеделник
СледноТрaдиција си е традиција: Баерн и Интер повторно имаат играчи во големото финале!