Младиот хрватски фудбалер си ја упропасти кариерата, два пати паѓа на допинг тест

2489

Фудбалерот на Хамбург и хрватски интернационалец Марио Вушковиќ паднал на два допинг тестови поради што му следува суспензија. 21-годишниот фудбалер бил позитивен на еритопоетин (ЕПО) за време на тренинг на 16 септември.

Тој беше отстранет од тимот на Хамбург додека се чекаше резултатот од Б тестот, а и тој бил позитивен на истата супстанција поради што му следува суспензија, според правилникот четири години.

ЕПО влијае на спортистите со создавање на поголем број на црвени крвни зрнца за брзо заздравување и спремни за нови предизвици. Тој вид на допинг е најчест меѓу велосипедистите.

Инаку Вушковиќ почнал во Хајдук од каде се преселил во Хамбург за кој, до пред суспензијата, одиграл 33 натпревари.

ПретходноТрaдиција си е традиција: Баерн и Интер повторно имаат играчи во големото финале!
СледноАргентинци протестираат во Доха: Дајте ни билети за финалето!