И дефинитивно селекторот на Франција, Дидие Дешамп како да не може да дигне глава од проблемите со својот играчки кадар. Имено како што јавува денеска Л`Екип, двајца клучни играчи на Франција се ново заразени од “камилскиот грип“ и нивниот настап во големото финале во недела и тоа како виси.
Станува збор за Рафаел Варан и Ибрахим Конате кои одиграа одлично во полуфиналето против Мароко.
Да потсетиме дека на тој меч поради тој грип не настапија Рабио и Упамекано, исто така потоа се зарази и Коман.
Најновите вести говорат дека овие тројца би можеле да бидат во комбинација за дуелот против Аргентина, но не и Варан и Конате.