Ришарлисон го истетовирал Нејмар на грбот, а овој му наредил да го избрише!

682

Бразилската фудбалска ѕвезда Ришарлисон во четвртокот се пофали со новата тетоважа на грбот, на која покрај неговиот лик се наоѓаат и ликовите на други две бразилски ѕвезди Роналдо и Нејмар. Меѓутоа приказната не завршува тука, Ришарлисон се нашол во проблеми и ќе мора да ја преправа тетоважата.

Бразилскиот „Глобо Спорт“ информира дека Нејмар го блокирал Ришарлисон на Инстаграм и му дал 30.000 долари да го избрише неговиот лик од телото.

Затоа важи онаа: „Прашај пред да правиш нешто…“.

ПретходноБутел ја доби драмата со Алкалоид!
СледноШмекер: Легендарниот прес на Михајловиќ во Скопје! (ВИДЕО)