Трaдиција си е традиција: Баерн и Интер повторно имаат играчи во големото финале!

345

Финалето на Светското првенство во Катар меѓу Франција и Аргентина во недела ќе ја продолжи долгата традиција (од 1982 година) во која Баерн Минхен и Интер имаат барем по еден играч во мечот за светската титула.

„Нероаѕурите“ во Катар ги претставуваа само Аргентинецот Лаутаро Мартинез и Хрватот Марсело Брозовиќ, чии две репрезентации се сретнаа во полуфиналето. Напаѓачот на Интер, Хоакин Кореа се повлече од селекцијата на Аргентина непосредно пред Светското првенство, но затоа Мартинез ќе биде во недела за време на финалето на теренот.

Од друга страна, Баерн Минхен беше тим со најмногу играчи на почетокот на турнирот (17 играчи), меѓу кои и Французинот Лукас Ернандез, кој се повреди на првиот натпревар и беше принуден да се повлече од Светското првенство. Сепак, тројца Французи од Баерн в недела ќе бидат на терен во борбата за титула, а тоа се Бенжамин Павар, Дајот Упамекано и Кингсли Коман.

Рекордер по број на фудбалери во ова финале е Атлетико Мадрид кој ќе има четири претставници: Французинот Антоан Гризман и Аргентинците Молина, Родриго де Пол и Анхел Кореа.

ПретходноМЗТ Скопје се „закова“ на последното место: Очајно прво полувреме, деветти пораз
СледноМладиот хрватски фудбалер си ја упропасти кариерата, два пати паѓа на допинг тест