Полека, но сигурно се чини дека идејата за регионална фудбалска лига како полека да се гасне. Иако имаше интерес, но сепак поради одредени причини, пред се политички, не дојде до остварување на оваа интересна идеја која беше во „игра“ во изминатите три децении.
Сепак од Унгарија има една нова идеја, а таа е да се игра регионален куп, но тука ја нема Македонија.
Ова го истакна претседателот на Ференцварош, Габор Кубатов:
„Моја желба е некако да го започнеме Средноевропскиот куп, во кој би играле со екипи од Србија, Хрватска, Словенија, Чешка, Словачка, Романија. Би било престиж за нашите клубови да играат со Партизан, Ц. Звезда, Динамо Загреб, Плзен, Славија Прага...“ посочи првиот човек на славниот Ференцварош.
Всушност тој посакува враќање на Митропа Купот кој се играше до 1992 година и играа екипи од екс – СФРЈ, како и Вардар.
Но, сега за нашите клубови според неговиот предлог нема место.