Kлубови, играчи… се простуваат од Миха: Збогум десетко меѓу дефанзивците…

1112

Смртта на Синиша Михајловиќ ја потресе светската фудбалска јавност. Големиот Миха не издржа во борбата со леукемијата и почина денеска. Од него се опростуваат бројни клубови, челници, поранешни соиграчи, спортисти…

Црвена Звезда во која ги помина најславните денови кога стана и Европски првак, потоа Лацио, Интер, Рома, Сампдорија… Болоња, Катанија, Торино, Милан… каде работеше како тренер.

Беше дефанзивец, а го носеше бројот 10 на грбот. Имаше разорен слободен удар…

„Серија А жали поради смртта на Синиша Михајловиќ, иконата на фудбалот и на животот. Неговата класа како фудбалер и тренер, неговата сила и неговата хуманост се пример кој остава неизбришлив белег во италијанскиот и светскиот фудбал“, пишуваа Серија А.

ПретходноМилан го обнови договорот со главниот спонзор
СледноВалтер со мини анализа: Одлично ја почнавме сезоната, потоа нè снајдоа многу повреди, честитки до играчите никогаш не се пожалија