ЦСКА (М) на Рајковиќ не застанува: Победуваме и без тројца од стартната петорка!

126

ЦСКА (М) на нашиот стратег Емил Рајковиќ продолжи со блескави партии во ВТБ лигата. И во 17-от настап сезонава, ЦСКА не знае за пораз, откако денеска славеше над екипата на Локомотив Кубан со 94:80.

По натпревариот Рајковиќ зборуваше за новата победа, истакнувајќи дека ЦСКА покажа дека може да победува и без Алексеј Швед и Никола Милутинов во ростерот.

„Тоа беше меч со добар квалитет. Локо играше со полн состав, дури и со двајца нови играчи кои им помогнаа во ротацијата. Во исто време ни недостигаа двајца значајни кошаркари Швед и Милутинов, а ако се земе во предвид дека го нема и Антонов, ни недостигаа тројца играчи од стартната петорка. Но, јас сум среќен и горд на сите други. Покажаа дека ЦСКА не е само тие што ги спомнав, дека играме заедно, се браниме, додаваме – а денеска имавме 33 додавања, со што покажуваме неверојатана тимска кошарка. Сега е време да се опоравиме од повредите и болестите и да се подготвиме за следниот натпревар“, изјавил Рајковиќ.

ПретходноОхрид прокнижи нова победа на патот кон плеј-офот
СледноПогребот на Михајловиќ во понеделник