Не остана имун ниту спортскиот сегмент од македонското општество на заканите од бомби кои периодов се интензивираа и се насекаде.
Утринава повеќе спортски институции од типот на Фудбалската Федерација на Македонија, Салата Борис Трајковски, Арената Тодор Проески добиле закани за поставени бомби по електронска пошта.
Нормално, постапено е според протоколот за ваквиот тип на закани, што е потврдено и од страна на надлежните.