Здравков: Имавме успешна есен, напролет Детонит Плачковица ќе има што да покаже! (ФОТО)

1155

Со вечера и последен состанок, вчера и официјално заврши годината, но пред се и есенската полусезона во редовите на Детонит Плачковица. Тим кој што имаше и тоа како успешна есен и заврши на петтата позиција на табелата во ВМФЛ.

Еден од главните „виновници“ на овој успех секако дека е младиот стратег Горан Здравков, кој извонредно го водеше тимот и тоа во жестока конкуренција.

Секако дека мораме да бидеме задоволни од тоа што Детонит Плачковица покажа во изминатата есенска полусезона. Јасно е дека имавме успешна есен, но напролет нашиот тим ќе има што да покаже. Сега сме на одмор до 11 јануари за кога е закажан стартот на подготовките. Приоритет е да го задржиме тимот и да се засилиме со неколку квалитетни играчи. За амбициите напролет не би сакал да говорам, сепак потајно се надеваме дека ќе можеме да стигнеме до тоа трето место кое води во баражот. Секако дека тоа би било фантстичен успех, но реков дека не се залетуваме“ изјави за „Спортмедиа“ тренерот на второлигашот од Радовиш, Горан Здравков.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноУнгарците со идеја за регионален фудбалски куп, ама без Македонија!
СледноМилан го обнови договорот со главниот спонзор