Милан го обнови договорот со главниот спонзор

105

Калчолигашот Милан и официјално соопшти дека го обновил договорот за соработка со нивниот официјален спонзор „Емирати“ . Новиот договор е за уште три години, а клубот ќе добива 30 милиони евра по сезона плус бонуси.

На тој начин, соработката продолжува повеќе од деценија затоа што Милан на својот дрес го носи логото на Авиокомпанијата од 2010/11. Во овој период Милан одигра 590 официјални натпревари со 967 постигнати голови, соопшти клубот. „Емирати“ е спонзор и на други врвни тимови во Европа, како Реал Мадрид, Арсенал, Лион, Бенфика, Олимпијакос.

ПретходноЗдравков: Имавме успешна есен, напролет Детонит Плачковица ќе има што да покаже! (ФОТО)
СледноKлубови, играчи… се простуваат од Миха: Збогум десетко меѓу дефанзивците…