Милвоки и Адетокумбо „попарени“, Западот има нов лидер (ВИДЕО)

108

Милвоки лошо мина на гостувањето кај Мемфис, беше совладан со убедливи 142-101. Морант беше нерешелива енига за противникот, зад своето име запиша трипл-дабл од 25 поени, 10 скока и исто толку асистенции. Дури осум кошаркари на Милвоки беа двоцифрени на оваа средба, а домаќинот во еден момент водеше и со 50 разлика. Одбраната одлично ја заврши својата задача, со сопре Јанис Адетокумбо на 19 поени.

Јута на домашен терен го совлада Њу Орлеанс со 132-129 после продолжение. Па сега Мемфис е нов лидер во Западната конференција. Пеликанс не најдоа решение за Џордан Кларксон и неговите 39 поени, погоди седум тројки. Марканен додаде 31 поен, колку и Зајон на другата страна.

Ова е втор пораз за Њу Орлеанс од Јута во само три дена.

Резултати: Хјустон – Мајами 108-111, Мемфис – Милвоки 142-101, Јута – Њу Орлеанс 132-129 (прод.), ЛА Клиперс – Феникс 95-111.

ПретходноВучиќ: Мароканците се нашите вистински браќа, нема да навивам за Хрватска!
СледноРоналдо тренира во Мадрид, се подготвува за сензационален трансфер во Премиер-лига!