Жозе Мурињо со играчите на Рома дојде во Фаро, Португалија, каде локалните новинари на аеродромот го прашаа дали ќе ја преземе португалската репрезентација. Фернандо Сантош, кој беше селектор десет години, официјално доби отказ по поразот од Мароко во четвртфиналето на Мундијалот, а беше најавено дека неговиот наследник ќе биде познат во наредните недели.
Новинарите го следеа, се обидуваа да добијат некој збор од Мурињо, но тој ништо не одговори, наместо тоа се насмеа кога зеде сунѓер кој падна од еден од микрофоните. Медиумите шпекулираат дека Мурињо би можел да биде тренер на клуб и репрезентација во исто време.
Други наведуваат дека актуелниот селектор на репрезентацијата до 21 година, Руи Хорхе ќе ја преземе А селекцијата до крајот на сезоната, кога португалската федерација ќе му направи голема понуда на Мурињо.
✈️ L’arrivo della #ASRoma in Portogallo 📍
🎥 I giornalisti lusitani assalgono #Mourinho, ma il tecnico giallorosso non risponde alle domande sulle voci che lo accostano alla panchina della nazionale portoghese 🇵🇹#Algarve #ritiroRoma pic.twitter.com/db364iM7K2
— laroma24.it (@LAROMA24) December 15, 2022
Договорот на Мурињо со Рома е до 2024 година. Тој никогаш не водел ниту една репрезентација, а претходно во кариерата бил тренер на Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто и Бенфика.