Дешамп шокира: Многу луѓе, можеби и некои Французи сакаат Меси да го освои трофејот

1618

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп изјави дека не е особено загрижен поради вирусот што зафати неколку играчи во деновите пред финалето на Светското првенство против Аргентина во недела.

Дефанзивците Дајо Упамекано, Ибрахима Конате, Рафаел Варан, играчот од средниот ред Адриен Рабио и напаѓачот Кингсли Коман беа заразени во текот на неделата, но повеќето од нив сега се опоравија. Само Конате, Коман и Варан го пропуштија тимскиот тренинг во петокот, додека Рабио и Упамекано ги продолжија тренинзите откако го пропуштија полуфиналето во средата против Мароко.

Се обидуваме да преземеме максимални мерки на претпазливост, да се прилагодиме и да се справиме со ова без да претеруваме. Очигледно, таква е ситуацијата. Ќе беше подобро да не беше така, но ќе се справиме со тоа на најдобар можен начин“, коментираше Дидие Дешамп на прес-конференцијата.

Не сум вознемирен или под стрес. Важно во подготовката на натпревар како финалето е да останеме смирени. Целта ни е да стигнеме до титулата. Знам дека Аргентинците, а можеби и некои Французи сакаат да го видат Лионел Меси да ја освои титулата“, додаде Дешамп.

Во јавноста протекот информации дека Дешамп го избкрал Бензема од репрезентацијата. Иако напаѓачот на Реал заздраве за мечевите од нокаут фазата, селекторот не сакал да го врати назад во националниот тим. Ниту го поканил во тимот барем да го гледаат заедно финалето.

Ако не одговорам, ќе кажете дека е така. И претходно имав повредени играчи. Карим е еден од нив. Последен кој се повреди е Лука Ернандез. Од тогаш имам 24 играчи за работа. Групата е тука. Не зависи од мене кој доаѓа да го гледа натпреварот. Мојата концентрација е на 24-члениот состав што го имам и тоа ќе бидат играчите кои се на располагање за утре“, изјави Дешамп.

Се зборува дека првиот човек на ФФ на Франција по завршувањето на СП, без разлика на резулатот, ќе го повика Дешамп на разговори за да го продолжат договорот до ЕП 2024.

Да работам со француската репрезентација е најубавото нешто што ми се случило. Работам со огромно задоволство. Но не сум јас важен. Најважен е тимот. Мојата иднина не зависи од утрешниот резултат. Во моментот не мислам на тоа“, додаде селекторот.

ПретходноТухел добил понуда да биде селектор на африкански гигант
СледноРаботнички не застанува, падна и Еуро Никел!