Па можеа ли да посакаат пребогатите газди на ПСЖ едно поубаво финале во нивната земја на Мундијалот од дуелот меѓу Аргентина и Франција? Секако дека не, посебно ако се знае дека во таа мега – пресметка во главната улога ќе бидат супер – ѕвездите на ПСЖ Лео Меси и Килијан Мбапе, за кои катарските шеици “опнаа“ близи една милијарда евра.
Секако дека сега е време за насмевки кај Тамим бин Хамад Ал Тани, газдата на клубот и Насер Ел-Келаифи, претседателот на ПСЖ.
Меси или Мбапе? Некои овој дуел го споредуваат како Марадона против Пеле, се разбира дека Мбапе е во улогата на Кралот. Но, сепак ова е дуел и на двајца соиграчи кои не кријат и дека не се сакаат премногу, но исто така и тоа како се респектираат.
Меси никогаш јавно не кажал или не реагирал, ниту во Барселона ниту пак сега во ПСЖ против некој свој соиграч. Мбапе и тоа како не може да “поднесе“ Нејмар, но има голем респект кон Меси.
Останува да почекаме уште малку до тоа големо и фамозно, секако спектакуларно финале за кое веќе фудбалскиот свет е во транс.
Одамна сме немале финале на еден Мундијал силите да ги одмерат двајцата најдобри фудбалери во тој момент.