Словенечкиот ски-скокач Анже Ланишек е победник на скокалницата во швајцарски Енгелберг. Тоа е негова трета победа сезонава по оние во Рука и Титисе-Нојштад, а вкупно четврта во неговата кариера.
Водечкиот во Светскиот куп Давид Кубацки заврши втор со 3,3 поени помалку во однос на Словенецот. А третото место го освои уште еден полски скокач, Пјотр Зила.
Во недела повторно ќе се скока во Енгелберг, а потоа од 29 декември до 6 јануари ќе се одржи традиционалната турнеја, 71 издание на „Четири скокалници“.