Работнички не застанува, падна и Еуро Никел!

214

Продолжува победничката серијата на Работнички. Најтрофејниот кошаркарски колектив го запиша шестиот триумф во низа, откако на домашен терен славеше против Еуро Никел со 92-85 во дербито на 10. коло.

Видовме две различни лица на двете страни, со промени и падови во играта, а во еден ваков ритам најдобро се снајдоа „црвено-белите“.

Форте постигна 21 поен и 9 скока, Бакоч застана на 20, додека изненадува добрата игра на Шошкиќ, кој постигна 11 поени, една тројка во пресвртот на својот тим во последната четвртина. Ист број на поени колку и македонскиот репрезентативец имаа Малешевиќ и Нотиџ. Кај гостите Планиниќ имаше 22 поени и 11 скока. 

Работнички добро се држеше во првото полувреме, ја имаше контролата на мечот. Ги доби првите две четвртини, на одмоот замина со предност од 50-44. Во првите десет минути, водството се менуваше, но „црвено-белите“ отскокнуваа, најголемата предност во овој дел изнесуваше пет поени 20-15. Кавадарчани до средината на вториот период држеа ритам, по што домаќинот со серија од 5-0 поведе со 43-38, а пред крајот на одморот заголеми на плус осум, и тоа двапати (48-40 и 50-52).

Неверојатно добра трета четвртина одигра Еуро Никел, постигна 24 поени, а прими само осум. Па на истекот на 30 минута дојде на двоцифрени 58-68. Сепак не успеа да ги задржи истите.

Работнички по само пет минути игра успеа да го врати водството по подолго време, беше 77-76. Самарџиев беше принуден да повика тајм-аут.

Истиот не вроди плод, Форте и Шошкиќ, кошаркарите кои заедно со Малешевиќ и Бакоч беа креатори на серијата продолжија да го полнат кошот на противникот, па Работнички поведе со 82-76 на три минути до крајот. Еуро Никел повеќе од три минути беше без постигнат кош, Џекиќ ја прекина серија со тројка за 82-79.

Важна тројка постигна Нотиџ за 85-79, кавадарчани не го искористија нападот, па точка на овој меч стави токму Нотиџ со нова тројка за 88-79 и крај на сите надежи во редовите на гостинскиот табор. Еруо Никел се обиде со брзу фаули да дојде до пресврт, но времето не беше на нивна страна.

До победа во 10. коло дојде Струмица на домашен терен го совлада Куманово со 90-85.

ПретходноДешамп шокира: Многу луѓе, можеби и некои Французи сакаат Меси да го освои трофејот
СледноРеграги: Хрватска е заслужено трета, ние ќе се вратиме посилни